Гоце Јанески од БК Аперкат ја продолжува победничката низа, тој на силниот Меѓународен турнир во „Лах Нимани“ во Приштина, Косово, ја забележа третата победа по ред.
Победата е во сениорска конкуренција и е остварена над домашниот боксер Арменд Незирај и тоа убедливо, за што Јанески го доби пехарот за најперспективен боксер.
Претходно Гоце забележа две победи, во Подгорица на Бенекс лигата и на турнирот во Лесковац „Боксинг деј 2016“.
Вториот боксер на Аперкат, Јасин Мифтар во јуниорска конкуренција е поразен.
Ipon.mk/В. Д.