Гоце Јанески (-75 кг) го победи Томсилав Макиќ од БК Лазаревац на силниот Меѓународен турнир „Златна ракавица“ во Врњачка Бања во Србија.
Пред се, ова била атрактивна борба која ја дигнала публиката на нозе која го наградила Јанески од БК Аперкат за прикажаниот бокс, бидејќи ја совлада големата боксерска надеж на Србија.
Утре Гоце и Никола Арсов (-69 кг) – БК Пинк Пантер ќе се борат во полуфиналето на најстариот и најсилен турнир на овие простори и во Европа.
Ipon.mk/В.Д.