Гоце Јанески и во поразот прикажа добра борба против европскиот и светскиот првак

И последниот наш боксер, Гоце Јанески, загуби во првата борба на Европските игри во Минск – Белорусија, кои во исто време се и Европско првенство во бокс.

Јанески е поразен со едногласна одлука на судиите од Киран Малој од Ирска, иако прикажа добра борба (30-27).

Малој беше фаворит и пред средбата, бидејќи многу тежи во светскиот бокс со три европски титули, еднаш светски првак и 10 пати шампион на Ирска.

Гоце воопшто не разочара, туку, напротив, многу добро избоксирал.

Сепак, со оваа борба заврши настапот на нашите боксери на Европските игри, во исто време и на Европско првенство.

Со подобра концепција може да имаме и подобри резултати, затоа што овие неколку боксери се талентирани и дисциплинирани спортисти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON