Гоце Јанески и Јасмин Мифтар ја дигнаа публиката на нозе во Подуево

goce-janeski-vo-poduevo

Боксерите на Аперкат од Скопје вчера Гоце Јанески и Јасмин Мифтар вчера имаа одличен настап на боксерскиот настан во Подуево – Косово. Тие настапија во воведните борби на професионланиот меч меѓу Тефик Бајрами од Косово и Марио Голеш од Хрватска за Интерконтиненталната титула на ВБФ.

Goce, Mice i Jasin vo Pristina so zname

Ова е големо признание за нашите боксери, но со прикажаното потврдија дека се во добра форма пред „Златниот гонг“. Бидејќи настапија во воведните борби тие однапред беа прогласени за нерешени, но ако се суди по реакциите на домашната публика Јанески и Мифтар се победници. Тие со овации се испратени од објективната публика во Подуево.

За Јанески ова е втора победа во низа по онаа на „Мечот на шампионите“ во Скопје, а Мифтар се врати по поразот на истата манифестација. Со овие победи го најавија атакот на Златниот гонг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON