Гоце Јанески е морален победник на „Златна ракавица“, иако Дреновак го освои златниот медал

goce-borba-na-zlatna-rakavica-2016-finale

Сите ја видоа победата на Гоце Јанески (-75 кг) во финалето Меѓународниот боксерски турнир „Златна ракавица“ во Врњачка Бања, Србија, против српскиот боскер Александар Дреновак, само не и судиите на мечот.

Ако бронзениот од Европското првенство и Олимпијдата, Александар Дреновак, имаше мала предност во првата рунда, нашиот репрезентативец во втората и третата го згази. За да биде иронијата поголема, Дреновак во третата рунда буквално бегаше во рингот, акога заврши борбата и му честиташе на победата. И не само тој, туку и другите судии и функционери покрај рингот.

Кога судиите му ја подигнаа раката на Дреновак тогаш искераната публика во Врњачка Бања го „награди“ нивниот репрезентативец со свирежи, а Јанески доби долготраен аплауз.

„Гоце лавовски се борешетри меча по ред, а  тие имаа 1-2 меча и сите три ги доби. За нас, тој е чист победник, само судиите премногу го респектираа Дреновак“, велат од таборот на нашиот боксер.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON