Гоце Јанески и Јасин Лама велат дека добро се чувствуваат, контактираат со Боксерската федерација на Македонија, но не знаат кога ќе се вратат.
Гоце и Јасин учествуваа на Европските квалификации за Олимписките игри во Токио што се одржуваа во Лондон.
„Добро сме, одмараме во хотелот. Се надеваме дека ќе преземат некакви мерки за да не вратат од Лондон. Уште ништо не се знае, дали ќе се вратиме, кога и како. Се надеваме дека што побрзо ќе се вратиме во Македонија“, изјави Гоце Јанески за Ипон.мк
Лама рече:
„Ние нон-стоп сме во контак со Федерацијат, за побрзо да си дојдеме во Скопје. Инаку нема летови. Со нашата амбсада во Лондон во контакт е БФМ. Чекаме да ни се најде чарето“.
Инаку македонските репрезентативци се симанти од авионот кој требаше да ги врати во Македонија по прекинувањето на Европските квалификации за Олимписките игри, по наредба на аердромските власти. Јасин Лама и Гоце Јанески се качиле во авионот, но пред да полета им било соппштено дека летот со одложува. Од Боксерската федерација на Македонија и купиле карти и за лет преку Истанбул, но и од тоа ништо не биднало.
Сега тие се сместени во хотел и чекаат помош од државата како да си дојдат во Македонија, бидејќи аеродромите во Скопје и Охрид се затворени, а во соседството ги примаат само нивните државјани.
Од друга страна, Косово пратило владин (приватен) авион да ги донесе нивните боксери од Лондон по забраните што настанаа за летање.
Од БМФ очекуваат помош од Министерството за надворешни работи и другите институции.