Гостиварецот Нури Сефери ја забележа 46 победа – 42 со нокаут

Нури Сефери од Гостивар ја забележа 46 победа (42 со нокаут) во професионалнта кариера. Вчера Бургдорф, Швајцарија, го нокаутираше Унгарецот Ласло Хуберт.

Во првата и втората рунда Нури се бореше од дистанца, при што упати само неколку удари спрема противникот. Во третата рунда доби поддршка од страна на публиката, штѕ го мотивираше Сефери за да одличната трета рунда. Сефери во неколку наврати упати удари во низа.

Четвртата рунда ја започна со два силни удари, со кои го нокаутираше  Унгарецот кој веќе не беше во состојба да го продолжи мечот.

Оваа победа е од големо значење за него, бидејќи му го отвори патот да се сретне со четирите најдобри боксери во Европа.

Пред него боксуваше и неговиот брат, Сефер Сефери, кој ја освои титулата „ЕБФ- Интернационал“, откако го нокаутираше бразилскиот боксер Марсело Фереира дос Сантос.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON