Горјанин и неговите Змејови се вклучуваат во акцијата за помош на семејството Христовски

Инспириран од трогателната приказна на Владимир Христовски, самохран родител на две малолетни деца, Огнен кој има 7 години и Марија 10 години, каде што солзите и тагата се секојдневие кај ова семејство, сенсеи Иванчо Горјанин во доџо Центарот Сино организираат акција за помош на ова семејство.

„Драги мои Змејови, Самураи, Будоки, Пријатели, познаници и непознати. Нашата школа реши оваа година стара која одминува, да ја завршиме вака: подолу е за жал уште една трогателна приказна од нашето секојдневие. Секоја година колку можеме со нашата школа одделуваме и правиме пакетчиња или играчки анонимно до оние помалку среќни од нас. Но оваа година сакаме, а и јас лично, многу јавно да помогнеме барем на овие луѓе колку можеме. Затоа би сакал да ве замолам во среда на 27 јануари од 18-20 часот во нашето доџо во Центар СИНО, нека донесе кој што сака и што и колку може ( храна, играчки и сл.). Ова е лично наша иницијатива и голема желба. Се е добродојдено, како и идеа плус, а ние ќе ве послужиме со новогодишно колаче и многу љубов. Ние ќе бидеме таму и ќе ве чекаме. Ве сакам и ви благодарам“, порачува Иванчо Горјанин кој додава: „Ни едно богатство на светов не е повредно од солзата на едно дете“.

Контакт: 078-290-778
ФБ мсџ: Shugotenshi Karatedo- Bushido School

Да потсетиме дека агонијата на посоченото семејство започнала откако починала сопругата на Владимир.

„Децата постојано гладни легнуваат и стануваат, а болката е се поголема со секое прашање дали има нешто да јадат“, раскажува Владимир за ТВ 24 вести.

Сонцето е единствената светлина која допира во домот.Нема струја, откако била исклучена поради долгови.Децата учат на свеќи. Владимир моли за помош кој колку има и колку може за да ги прехрани своите две деца.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON