Ѓоргиев, Рамадани и Илиоски отаптуваа на Светското мај тај првенство во Мексико

Тројца македонски репрезентативци денеска отпатуваа за Мексико на Светското првенство во мај тај во Канкун, кое почнува утре и ќе трае до 19 мај.

За Македонија ќе настапат Димитар Ѓорѓиев, Хадис Рамадани и Бобан Илиоски. Во составот на нашата експедиција се и претседателот на Кик-бокс федерацијата на Македонија (КБФМ), Дејан Митровски, генералниот секретар и тренер Драган Атанасовски и техничкиот секретар, Ирена Митровска.

На ова Светско првенството по покана од ИФМА/IFMA (Светската федерација за мај тај аматери), раководството на КБФМ ќе присуствува и на годишниот спортски форум посветен на размена на култури и културни вредности, спорт и социјални средби на кој Македонија ќе биде примена како рамноправна членка во ИФМА. Овој Светски мај тај шампионат претставува прв квалификационен натпревар за следните Светски боречки игри, при што првопласираните ќе се квалификуваат за Игрите.

Учеството на овој светски шампионат е под покровителство на Агенцијата за млади и спорт на РМ.

„Репрезентацијата е комплетно подготвена за учество на овој од исклучителна важност Светски шампионат, кој претставува настан од широки размери и можност за што поголема афирмација на македонскиот кик бокс како спорт во делот на мај тај вештината, но и на спортот воопшто и се надеваме на успех“, истакнуваат од Кик-бокс федерацијата на Македонија пред заминувањето за Мексико.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON