Ѓорги Петров лутината од сместувањето ја преточи во шампионска титула!

Gorgi petrov leta

Ѓорги Петров од Карате клубот Партизан – Кочани на Балканското првенство за деца во Херцег Нови-Црна Гора, го освои првото место во кумите во категоријата до 40 клиограми за деца од 11 години. Тој ја започна низата на успеси на младите македонски каратисти.

Petrov so Jordanco

Во првиот настап го помина Хрватот Иван Прусина со судиска одлука по нерешениот резултат 0-0, за да го декласира Мирко Величковиќ од Србија со 6-0, а во полуфиналето беше подобар од нашиот репрезентативец Цека Дардан совладувајќи го со 3-0.

Осман Ујаник од Турција беше најтешкиот противник на неговиот пат до шампионската титула. Борбата заврши 0-0, а судиите се изјаснија во корист на Петров.

Инаку, Ѓорги Петров е член на КК Партизан- Кочани, а карате тренира четири години и е носител на кафеав појас.

Ова му е прво учество на Балканско првенство, но има учествувано на повеќе домашни и меѓународни турнири, притоа освоил околу 40 медали.

Gorgi Petrov so tatko mu

Оваа година е прв на турнирите на Солидарност и во Власотинце-Србија, а втор на Државното првенство и на турнирот во Лесковац, додека трето место освои на турнирот Фунакоши опен 2015.

-Како негов тренер, јас сум задоволен од досегашните постигнувања на Ѓорги, -вели неговиот тренер Оливер Коцев.

-Очекувам уште подобри резултати од него, бидејќи тој е еден од најредовните на тренинзите во клубот, послушен во извршувањето на зададените задачи и вежби. Со неговите 11 години преставува иднина на карате спортот во Македонија, – истакнува Коцев.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON