Македонската бодибилдинг репрезентација се врати од Европското бодибилдинг и фитнес првенство во Санта Сузана, Шпанија, со едно финале на најмладиот Горан Тромбев во категорија бодибилдунг јуниори (75 кг) освојувајки го 6-тото место, што преставува втор највисок резултат досега кај мажите на едно Европско првенство.
Во конкуренција на 41 репрезентација од Европа и 1000 натпреварувачи, останатите наши репрезентативци Борче Стојаноски во категоријата бодибилдинг сениори до 90 кг и го освои 10-тото место, Гоце Мојсоски во бодибилдинг класик до 178 см исто така беше 10-ти.
Претседателот на федерацијата, Бобан Ѓороски, воедно и интернационален судија, на ова првенство се здоби со категоризација на меѓународен судија А категорија. Тоа подразбира дека во иднина ќе го гледаме и на судискиот панел каде ќе и суди на професионалните бодибилдинг натпреварувачи на IFBB првенствата.
Следно натпреварување е Балканското првенство за 2018 кое ќе се одржи во градот Добрета Турну Северин во Риманија од 18-20 мај, каде ББФФМ ќе настапи со свои преставници.
Ipon.mk