Гонзага: Мирко сака докаже нешто што не треба да се докажува! (ВИДЕО)

Gonzaga Gabriel

Габриел Гонзага се осврна на победата во 2007 година над Кро Кап. „Нападна“ свесен дека ниту тој, ниту Мирко не се истите борци како пред осум години и верува дека Филиповиќ нема да ја направи истата грешка, поради која го имаше најтешкиот нокаут во неговата кариера.

„Мојата борба со Кро Као беше голема пресвртница во мојот живот. Секој очекуваше дека ќе изгубам, како тој би можел да се бори за титулата. И јас го знаев тоа, но не се грижев. Реков: „Нема да загубам во оваа средба. Ќе победам“. Го соборив. Две минути го удирав со лактите, судијата ја запре борбата и не врати во стоечка позиција. Знаев дека останаа уште 30 секунди. Си реков на себе дека ќе го удрам најсилно што можам. Ги спушти рацете, зашто мислеше дека ќе го погодам во ребрата. Тој ги заштити ребрата, но го наокаутирав.

Сите беа во шок, бидејќи го нокаутирав со висок удар. Тоа е потег по кој е препознатлив. Сите повторно сакаат да ја видате оваа борба. Тој е под голем притисок, бидејќи тој сака докаже нешто што не треба да се докажува. Знам дека не е истиот борец како порано. Исто така знам дека и јас не сум истиот борец како порано. Ќе удрам со нога ако ми се укаже можност, но мислам дека нема да ја повтори истата грешка.

Треба да победам за да покажам дека се уште сум присутен. Ќе се обидам да го довршам ако го соборам на земја. Многу ми е важно да ја завршам оваа борба“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON