Овој викенд не чека пресметката на најдобрите боксери во светот.
Шампионот во средна категорија Генадиј Головкин во Лас Вегас влегува во ринг со предизвикувачот од Мексико Сол Алварез – Канело.
Едниот е Мексиканец, а другиот го обожува мексиканскиот стил на бокс.
„Ова е повеќе од борба. Ова е вистински мексиканска борба. Абел (Санчез, тренер) ми даде мексикански стил. Сакам да се борам со мексикански стил. Ја сакам мексиканската храна и ја јадам секој ден. Опкружен сум со тоа. Имам многу пријатели Мексиканци. Во себе имам мексиканска крв“, изјави Головкин пред битката во Т-Мобиле арена.
„Сериозно, еден удар ќе ја промени борбата… животот. Само еден удар. Канело има сила, има брзина. Тој ме знае, јас го познавам. Мојот тим има план А, Б, Ц и Д. Неговиор тим исто така. Тој е подготвен за кратка борба, на долга борба, на судиска одлук. Не знам кој прв ќе зададе голем удар. Ова не е борба ова е војна“.
„Го почитувам Канело, бидејќи тој е воин. Двајцата го почитуваме спортот. Мислам дека ова е совршено време за нас. Мислам дека во моментов ова е најголемата борба во светот на боксот. Многу сум возбуден што конечно ќе се борам во Вегас, а уште повеќе сум возбуден што тоа ќе биде против Канело. Ова е битка во која сите победуваат. Победува бокс. Сите го сакаат нашиот начин на борба. Двајцата сме опасни борци. Во последните неколку мечеви Канело изгледаше добро. Изгледаше силно. Канело е суперѕвезда. Ова е фантастична борба за нас“.