Головкин во декември се бори против Мурата за обединување на титулите

Генади Головкин (41-1-1, 36 КО) наскоро ќе се врати во рингот и на 29 декември ) во Саитама Арена во Јапонија ќе боксира против домашниот боксер Риото Мурата (16-2, 13 КО).

Казахстанецот ќе се бори против златниот олимпиец од Лондон за обединување на шампионските титули на ВБА и ИБФ.

Головкин (39) во средната категорија влегува со титулата на ИБФ, додека Мурата (35) ќе ја брани редовната титула на ВБА.

Казахстанскиот боксер последната борба ја имаше во декември минатата година кога со прекин по седмата рунда го совлада Полјакот Камил Шеремете.

А титулата ја освои во октомври 2019 година со победа во одличен меч против Сегеј Деревјанченко. Со таа победа си врати една титула која ја загуби со пораз во вториот меч од Канело Алварез.

Последниот меч Мурата го имаше на 23 декември 2019 година, кога со прекин во петтата рунда го совлада Канаѓанецот Стивен Батлер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON