Головкин: Р’ѓавите луѓе го поддржуваат Канело, а вистинските мене

Генади Головкин почна да ги критикува навивачите на Канело Алварез.

Непоразениот шампион во средна категорија да гази по Алварез и неговиот тим пред отворениот тренинг. Казахстанецот ги нападна и мексиканските навивачи.

„Не сум лут. Не го почитувам и неговиот табор, а не само Канело. Го знам Канело подолго време. Тој е млад. Го слуша промоторот. Го слуша својот тим. Тоа му е проблемот. Навистина има голем проблем. Апсурдно е. Продолжува да работи со луѓето кои го вовлекоа во скандал. Тоа е ужасно за него“.

„А јас се чувствувам добро – имам тим. Си го почитувам. Ги почитувам своите луѓе, своите фанови. Вистинските така прават. Ако си некаков лажен човек, ќе го поддржиш Канело. Ако си вистински – ќе ме поддржувате мене. Така стојат работите“.

28-годишниот Алварез за прв пат се појави по истекот на 6-месечната суспензија. Мексиканската икона продолжува да тврди дека токму нечистото месо е причината за позитивните допинг тестови од февруари.

Сепак, тоа не го запира Головкин и неговиот тренер грубо да ги критикуваат Алварез и целиот негов тим за неразумно однесување кое доведе и до откажувањето на закажаниот реванш за 5 мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON