Головкин против Мартиросјан

Непоразениот светски шампион Генадиј Головкин (37-0-1, 33 КО) пронајде противник за 5 мај.

Наместо со Канела Алварез во Лас Вегас, на ВБА, ВБЦ, ИБФ и ИБО шампионот титулата ќе ја брани против Ванес Мартиросјан (36-3-1, 21 КО) во Карсон, Калифорнија.

31-годишниот американски боксер роден во Ерменија досега два пати се бореше за светската титула во полусредна категорија. Во 2013 година е поразен со поделена одлука на судиите од Деметриус Андраде во борба за ВБО, а во последниот меч пред речиси две години, во мај 2016 година загуби со едногласна одлука од Ерисланди Лара во мечот за појасите на ВБА и ИБО. Единствениот преостанат пораз го доживеа од Жермел Шарло по 10 рунди во 2015 година.

„Се убивам од тренирање. Спарирам. На тежината сум. Кога ме прашаа дали би го прифатил овој меч, веднаш реков да. Не прашав за пари. Ќе биде добро шоу во Лос Анџелес за Цинцо де Мајо. Ерменците ќе ја наполнат салата. Имам и многу мексикански навивачи. Верувам во моето срце и ќе го победам Головкин, заради тоа што никогаш не се соочил борец со мојот стил“, рече Мартиросјан за ЛА Тајмс.

31-годишниот Мартиросјан ги претставуваше САД на Олимпијадата во 2004 година, на која Головкин го освои среброто. За време на професионална кариера попбедуваше светски шампиони Ише Смит и Касел Оум, а има и нерешено со Ерисланди Лара во нивната прва борба во 2012 година.

Во моментов е прв предизвикувач на ранг-листата на ВБЦ, но во супервелтер. Го тренира поранешниот тренер на Ронда Русеј, Едмонд Тарвердјан.

https://youtu.be/DP03QWeg_28

https://youtu.be/SM302lKgEgE

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON