Головкин против непоразен Полјак

Генади Головкин (40-1-1, 35 КО) следниот меч би требало да го има на 28 март.

Иако ова сè уште не е официјално објавено, 37-годишниот Казахстанец треба да ги брани титулите во средна категорија на ИБФ и ИБО против Камил Шеремета (21-0, 5 КО).

Мечот треба да се одржи во Чикаго каде што непоразениот 30-годишен Полјак треба да ја има поддршката на сонародниците. Во октомври го направи дебито во САД во воведниот дел на Головкин-Деревјанченко и го совлада Мексиканецот Оскар Кортес (27-5, 14 КО) во втората рунда.

Шермета е 3-ти предизвикувач на ранг листата на ИБФ и поранешен европски шампион, но не се очекува дека нема претставува голем предизвик за Головкин кој при последното влегување во рингот во октомври повторно ги освои титулите во средна категорија победувајќи го во одличната борба Сергеј Деревјанченко со едногласна одлука на судиите.

Полјакот се спомнуваше како можен противник на ГГГи минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON