Светскиот шампион во средна категорија на ВБА/ВБЦ/ИБО, Генади Головкин на рингот ќе се врати на 16 мај во Лос Анџелес. Веста беше соопштена од менаџерот на боксерот.
Се уште не е познато кој ќе биде противник на казахстанскиот боксер, но се знае дека дуелот ќе се емитува на ХБО.
Последниот меч на Головкин беше на 21 февруари во Монако, каде што го нокаутираше 32 годишниот Британец Мартин Мареј во 11 рунда.