Генадиј Головкин не се согласува со Оскар де ла Хоја за ставот на навивачите, односно дека тие се приклонуваа кон Канело Алварез во пресрет на реваншот.
Головкин верува дека Алварез им се згадил многу мексикански навивачи со неговите скандали. Шампионот очекува некои од навивачите кои порано го поддржуваа Алварез да бидат на негова страна во реваншот на 15 септември во Лас Вегас.
„Знам што мисли Оскар. Но не секогаш се согласувам со него. На пример, не верувам дека сите Мексиканци ќе го поддржат Канело“, рече Казахстанецот и додаде:
„Мислам дека неговиот тим ја загуби почитта на неговите навивачи“.
Алварез беше суспендиран шест месеци откако на два допинг-теста на почетокот на годината беше позитивен, а како резултат на тоа го откажа мечот на 5 мај.
Де ла Хоја, кој е промотор на Алварез (49-1-2, 34KO), признава дека некои од навивачите навистина ја откажале поддршката на негпвиот боксер, но исто така го потсетува Головкин (38-0-1, 34KO) дека Алварез останува најголемата активна ѕвезда во боксот, без разлика што ќе се случи.
„Секој си има свои навивачи и за се има причина, и не случајно Алварез генерира такво гледаност“.
„И секој си има луѓе кои го плукаат. Но вистината е дека Канело има милиони следбеници ширум светот, исто како и ГГГ. Но треба да се обрне внимание на една работа – Канело е мексиканскиот шампион, мексиканската ѕвезда на боксот“.
На првата средба меѓу Алварез и Головкин ја гледаа околу 1,3 милиони луѓе. Таа средба генерираше 27 милиони долари од продажбата на билети.