Головкин ќе се бори со Деревијанченко

Сергеј Деревијанченко е следниот противник на Генади Головкин.

Тие ќе се борат за светската титула во средна категорија, а мечот ќе се одржи на 5 октомври во Медисон сквер гарден.

Појасот е слободен откако му беше одземен Сол Алварез. Мексиканецот мораше да ја брани круната против Деревјанченко.

Украинецот (13 победи, 10 со нокаут и 1 пораз) ќе се бори за светската титула по втор пат. Минатата година загуби од Даниел Џacејкобс (САД) со судиска одлука 1-2.

Головкин (39 победи, 35 со нокаут, 1 реми и 1 пораз) последен пат во јуниу го нокаутира Стив Ролс.

https://www.youtube.com/watch?v=cEPZti7ph3Y
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО