Головкин и Мартиросјан го одработија мерењето (ВИДЕО)

Генади Головкин (37-0-1, 33 КО) овој викенд во Калифорнија има шанса да го изедначи рекордот на Бернард Хопкинс од 20 одбарни на титулата светски првак.

36-годишниот Казакстанец на мерењето за мечот со Ванеса Мартиросјан (36-3-1, 21 КО) беше на границата на средна категорија од72,6 килограми.

Ерменско-американскиот боксер го замени Сол Алварез откако беше позитивен на допинг-тестот.

Мартиросијан тежеше 72,3 килограми и никогаш не се борел потежок. Инаку се бори во полусредна категорија.

Светската шампионка Сесилија Браекхус (32-0, 9 КО) и Американката Кели Реис (13-6-1, 4 КО) успешно ги одработија обврските пред мечот за појасот.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON