Во морето на многу откажувања од спортски настани, сепак, има и по некоја добра вест за навивачите. Оваа денешната доаѓа од боксот и ни открива дека Канело Алварез и Генади Головкин се договориле за трет меч, а веќе се познати и датумот и локацијата. Борбата што сите љбители на боксот сакаат да ја видат уште еднаш треба да се одржи на 12 септември на стадионот во Далас.
Веста први ја пренесоа „Атлетик“ и „Блејчер рипорт“, а тие откриваат како заинтересираните страни деновиве се сретнале и дека имало вербален договор за меч закажан на 12 септември на АТ & Т стадионот во Далас. Извори откриваат дека сè уште ништо не можат официјално да потврдат, бидејќи се уште не понзата судбината на закажаните мечеви на двајцата боксери.
Алварез (53-1-2, 36 КО) би требало на 2 мај да одработи меч против Били Џо Сандерс и тој судир сè уште не е откажан, а Мексиканецот се надева дека сè ќе биде добро и дека ќе настапи на средбата за која со недели му бараа противник. Головкин (38) (40-1-1, 35 КО) последниве денови преговара за меч против Камил Шеремет и се работеше за јуни, но сега постои можност Казахстанецот да направи пауза до септември за да добие шанса за мечот за кој се надеваше откако беше поразен во втората пресметка со Мексиканецот, што се одржа во септември 2018 година.
Истите извори откриваат дека Канело за овој меч ќе добие дополнителен бонус на веќе постоечкиот договор со ДАЗН платформата, по кој ќе заработи 350 милиони долари на десет средби. Головкин исто така е во договор со истата „стрминг платформа“, но засега не е познато дали и кај него ќе нима дополнителни отстапки. Всушност, сè треба да се знае кога натпреварот ќе стане официјален, но ова е многу важен чекор кон договорањето на истиот. Најважно е што и двете страни силно го сакаат тој меч, што е секогаш главен предуслов за влегување во преговори.
Првиот дуел се одржа на 16.09.2017 година во Лас Вегас и заврши без победник. Еден судија бодуваше нерешено, еден му даде победа на Головкин, а во тоа време вистински скандал предизвика бодуивањето на судијката Аделаид Бирд која дури десет рунди бодуваше во корист на Мексиканецот. Медиумите и навивачите во поголем дел мечот го бдоуваа 7-5 или 8-4 во корист на Головкин.
Втората борба го одработија точно 364 дена подоцна, при што Канело славеше со мнозинска одлука, но со далеку помалку опашки. Она што заедничко на овие два меча е дека тие беа одлични за гледачите и ги дека оправдаа најавите дека во рингот се среќаваат двајца можеби најдобрите боксери на денешницата. Впрочем, Головкин го доживеа единствениот пораз во кариерата од Канело, додека тој последниот пораз во кариерата го претрпе уште во септември 2013 година, кога од него подобар беше Флојд Мејведер Jуниор.
https://www.instagram.com/p/B92FEIspg9r/?utm_source=ig_embed