Генади Головкин и Даниел Џејкобс беа речиси со идентична тежина на мерењето во Њујорк за борбата за светската титула во средна категорија.
ВБА „супер“, ВБЦ, ИБФ и ИБО шампионот Головкин (36-0, 33 КО) имаше 72,4 килограми, додека „редовниот“ ВБА шампион Џејкобс (32-1, 29 КО) беше 72,5 килограми.
Беидејќи мерењето беше направено нешто порано, ќе поминат 38 часа до нивното влегоување во рингот. Се очекува дека Американец во борбата ќе биде 2-3 килограми потежок од неговиот противник.
Во воведниот дел од настанот, Роман Гонзалес – Чоколатито (52 кг) ја брани ВБЦ титулата во супер мува категорија против Тајландецот Срисакет Сор Рунгвусаи (51,7).
На овој настан ќе се одржи уште една борба во супермува категорија. Карлос Квадрас
(52,4 кг) ќе се соочи со Давид Кармона (52,5 кг).
.