Светскиот боксерски шампион во средна категорија, Генадиј Головкин, според многумина, во моментов е најдобар паунд-фор-паунд боксер на светот. Неговиот промотор отиде чекор понатаму, споредувајќи го неговиот пулен со големиот Мајк Тајсон.
Генадиј сигурно е еден од најатрактивните и најдобри боксери денес. Светскиот шампион во средна категорија ВБЦ, ВБА и ИБО верзиите тоа го потврдува во секој нов меч. Скорот во кариерата му е 31-0 , а последните 17 противници беа нокаутирани, а дури 14 од овие мечеви беа за светската титула .
Сепак, Головкин не ја има популарноста што ја заслужува, гледајќи каков скор и стил има, зашто тј е еден од оние боксери што напаѓаат од првита секунда на мечот. Последната борба, во која тој, буквално, го уништи Марко Антонио Рубио, беше една од оние по која доби голем број на фанови. Но, тоа не е доволно, а неговата заработувачка и популарност не е ниту блиску до Флојд Мејведер, Мани Пакијао и Владимир Кличко.
За промоција се обидува да погрижи оној на кого тоа му е работа, неговиот промотор Том Лоефлер, кој Головкин го спореди со еден од најпопуларните боксери на сите времиња:
„Ако гледаме по неговиот стил на борба, Генадиј може да се спореди со Мајк Тајсон. Луѓето сакаат нокаути, а тоа е главна карактеристика и на двајцата. Кога Тајсон беше во во своите најдобри денови тој поминуваше преку противниците и по ред ги ноккаутираше, токму она што го работи и Генадиј. И, се чини дека тоа е патот по кој оди Генадиј. Морам да признаам дека по секоја борба е се попопуларен“.
Следната борбата на Головкин е против Мартин Мареј, кој е добар боксер, но е дефанзивно ориентиран. Но, не постои сомнеж дека Головкин и него ќе го нападне, а победата би можела да доведе до супермечот кој во светот на боксот се очекува. Мечот на Головкин е подеднакво убедлив за шампион во супер средна категорија, Андре Вард.