Головкин го предизвикува Канело да го нокаутира

Генадиј Головкин – ГГГ се насмеа на навредите што му ги упати Алварез. Канело се закани дека ќе го нокаутира на 5 мај во Невада, но Головкин се насмевна на наеговата закана.

Во интервју ГГГ вели:

„ И претходно зборуваше дека ќе ме нокаутира. Сега повторно почна да го зборува истото. Ако сака да ме победи со удар, јас го предизвикувам да се обиде. Ова ќе биде луда битка за нас двајцата. На првата средба не ја користев 100 отсто мојата сила. Се сеќавам на неговите напади и мислам дека реваншот ќе биде многу поинтересен“.

Головкин – Канело 2 ќе се одржи на 5 мај во Т-Мибиле арена во Лас Вегас, Невада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО