Головкин го потврди мечот против Канело: Се гледаме на 17 септември

Канело Алварез загуби во мечот во полутешка категорија од Дмитри Бивол пред две недели и се чинеше дека ќе бара реванш.

Но, Мексиканецот вчера откри дека засега не сака возвратен удар и најави судир против Генади Головкин.

„Тој договор е сложен и мораме да го продолжиме она што го започнавме. Моментално трилогијата со Головкин и реваншот против Бивол се двата најголеми меча во боксерскиот свет. Против Бивол за жал загубив, но ќе се обидам повторно. Важно е да бидеме упорни и затоа повторно ќе се бориме“, изјави Канело.

На почетокот на април Генади Головкин го победи Јапонецот Риота Мурату во деветтата рунда, бранејќи ги титулите во средна категорија на ИБФ и ИБО и си го врати појасот ВБА (Супер).

Казахстанецот преку социјалните мрежи го потврди мечот против Канело.

„Сега е официјално, се гледаме на 17 септември“, напиша во објавата Генади Головкин.

Нивниот прв дуел заврши нерешено, а во вториот победи Мексиканецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON