Демијан Маја сака уште една борба пред да се пензионира

Демијан Маја размислува да се повлече од спортот, но сака да направи уште еден меч за крај.

Поранешниот двократен предезвикувач за титулата на УФЦ во две различни категории го запиша своето име во ММА како еден од најдобрите во бразилската џиу-џица. Маја (44) сфаќа дека му останува многу малку време до крајот на кариерата.

„Официјално, сè уште не сум се пензионирал. Сакам да направам уште една борба во УФЦ, но само таму, бидејќи УФЦ е мојот дом во последните 15 години. Па, ако добијам уште една шанса, ќе одржам уште една борба, но како да сум генерално фокусиран на други работи во мојата кариера.

Сè уште тренирам ММА, бокс и мај тај, па останувам во форма ако им требам за борба. Но, генерално, повеќе сум фокусиран на џиу-џицу. Сакам повеќе да се натпреварувам таму.

Се чувствувам здраво, се чувствувам добро и подготвено. Затоа си реков дека можам да се натпреварувам во џиу-џицу и ММА уште неколку години, а потоа да се повлечам“.

Последен пат Маја се бореше во јуни 2021 година против Белал Мохамед на УФЦ 263, кога загуби со судиска одлука. Ова беше втор последователен пораз и последна битка од неговиот договор со организацијата.

„Веќе го исполнив мојот договор. Всушност, мојата последна битка трбаше да биде против Бен Аскрен, но откако го победив бев во серија од три победи и си реков дека ако победам можам да останам подолго. Го продолжи договорот“.

Откако загуби од Мохамед, Маја победи во граплинг меч над Алекс Оливеира претходно овој месец. Тоа беше негов прв граплинг натпревар од 2007 година, кога го освои Светскиот куп на АДЦЦ пред да го направи своето деби во УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО