Генадиј Головкин (37-0, 33 КО) со едногласна одлука на судиите го победи Даниел Џејкобс (32-2, 29 КО) и ги одбрани ВБА и ВБЦ титули светски шампион во средна категорија.
Џејкобс ја изгуби шансата да се бори за појасот на ИБФ откако го прескокна мерењето на ден на борбата. Правилото на ИБФ налга дека на денот на борбата не треба да има повеќе од 10 фунти (4,5 килограми) од границата на средната категоирја, така што се верува дека Американецот беше малку потежок од Казахстанцот.
Головкин е за време на мечот удираше со посилни удари и го собори Џејкобс во четвртата рунда.
Судиите во Медисон сквер гарден во Њујорк ја бодуваа борбата: 114-113, 115-112 и 115-112.
Со тоа што издржа до крајот на „Мирикл мен“ ја прекина низата на Головкин од 23 последователни победи со прекин и го принуди ГГГ прв пат да ги одработи сите 12 рунди. Последен пат Головкин победи на поени во 2008 година против Алжирецот Амар Амари.
„Мислам дека победив во оваа борба. Мислам дека фановите ќе ме поддржат во тоа… мислам дека со оваа борба добив многу приврзаници“, рече Џејкобс по натпреварот.
Предизвикувач не се откажа до самиот крај. Во 12 рунди со неколку удари со левата рака го погоди Головкин и му ја приреди најтешката борба во неговата кариера.
ГГГ во следната борба би требало да се сретне со ВБО шампионот Били Џо Сандерс во мечот за обединување на титулите во јуни во Казахстан, а во меѓувреме може да ги продолжи преговорите за борба со Канело во септември.
https://youtu.be/_shBM3CJfro
.