Генади Головкин е вториот боксер на возраст над 40 години кој ги обединил светските титули.
Шампионот од Казахстан го следи примерот на големиот Бернард Хопкинг кој го направи 49!
Сега тој се врати на тронот во средна категорија и ги изненади сите со неколку негови постапки.
Набргу по победата над Мурата му ја подари наметката, а подоцна влезе во неговата соблекувална и му го врати шампионскиот појас.
Битката заврши во деветтата рунда, кога беше фрлен пешкирот од аголот на Јапонцoт. Така Головкин го освои Токио и го победи големиот шампион на негова територија.
Сега се очекува Казахстанецот да ја комплетира трилогијата со Сол Алварез – Канело.
Тој е единствениот што загубил на 44 професионални натпревари. Нашироко се дискутираше за одлуките на судиите во двете нивни битки.
Судирот е планиран за Денот на независноста на Мексико во септември.
Авторитетната страница за боксерска статистика „boxrec“ го идентификува Генади Головкин за светскиот број 1 во средна категорија.
Два дена пред победата над Мурата наполни 40 години.
Многумина се прашуваат дали ќе има огромни проблеми против Канело кој е во зенитот на кариерата.
Сепак, со оглед на прикажаното, Головкин изгледа е во одлична форма!