Вчера во Калифорнија во САД се одржа боксерска галавечер, главен дуел беше средбата меѓу Генади Головкин и Вили Монро.
Головкин (33) Казахстанец победи со технички нокаут во шестата рунда.
Дуелот започна со испитување на силите. Монро се обиде да го држи на безбедно растојание. Во втората рунда Головкин успеа да зададе силно лево кроше кое го прати Американецот на подот. Тој беше во можност да ја продолжи средбата, но по неколку секунди повторно беше пратен во нокдаун, но го спаси гонгот.
Потоа се врати во мечот одморен и успеа да му нанесе силни удари на противникот. Во шестата рунда, сепак, Головкин тргна силно на Монро и зададе серија од удари во главата на противникот, кои го одлучија исходот на мечот.
https://youtu.be/2SPB_YsVScw