Генади Головкин реши да го напушти долгогодишниот тренер Абел Санчез.
„Сакам да објавам дека донесов голема одлука за себе и својата кариера. Сакам да го надоградам она што веќе го направив и да работам на подобрување. Затоа нема да тренирам со Абел Санчез. Ова не беше лесна одлука за мене и не е одраз на професионалните способности на Абел. Тој е одличен тренер, лојален тренер и тренер за Куќата на славните“, објави Казахстанецот преку социјалните мрежи.
„Подоцна ќе го објавам името на новиот тренер, но денес сакам да му се заблагодарам на Авел за боксерските лекции“.
Головкин во реваншот со Канело во септември го доживеа првиот пораз во кариерата и ги загуби ВБА и ВБЦ светски титули во средна категорија, а притоа се критикувани неговите одбранбени способности.
ГГГ неодамна потпиша договор со стриминг сервисот ДАЗН и првата борба во новиот договор ќе биде на 8 јуни против Стив Ролс.
Санчез беше тренер на освојувачот на сребрениот олимписки медал скоро една деценија во Биг Биар, Калифорнија.
И Џо Џојс неодамна си замина од Санчез.