Генади Головкин е прогласен за најдобар боксер од Светскиот боксерски совет (ВБЦ) за 2017 година.
Казахстанецот е носител на четири од титулите во средна категорија. Тој учествуваше и во друга номинација за меч на годината. Головкин победи и во оваа номинација и мечот против Сол Алварез, кој заврши нерешено.
Светскиот боксерски совет мечот меѓу Флојд Мејведер и ММА ѕвездата Конор Мак Грегор го прогласи за настан на годината.
За најдобро претставување во текот на годината е награден Дионтеј Вајлдер. Шампионот на Светскиот боксерски совет го доби признанието за разматвтувањето на Бирмејн Стиворн во првата рунда во реваншот.
https://youtu.be/rkgXj-_SFOc
.