Пред распродадениот Медисон Сквер Гареден во Њујорк Генади Головкин (34-0, 31 КО) ги обедини титулите во средна категорија.
Пред повеќе од 25.000 љубители на боксот Казахстанецот со прекин во осмата рунда го победи Канаѓанецот Давид Лемо (34-3, 31 КО). Со оваа победа ГГГ е ВБА (супер), ИБО и на привремениот налсов на ВБЦ ја додаде титулата првак на светот во средна категорија на ИБФ.
Кога Генади Гловкин и Давид Лемо синоќа излегоа на рингот, сите очекуваа да видат сурова борба меѓу двајцата од најопасни боксери во средна категорија.
Наместо тоа, видовме клиничка дисекција со медицинска точност. За осум рунди Головкин систематски го повредуваше Лемо, истакнувајќи го разорниот лев директ.
Лемо не успеа да покаже за што е способен, особено по 50-те удари кои му беа зададени само во првите две рунди. А по нив уследија силните удари.
Головкин во петата рунда го прати Лемо на подот, по едно силно кроше во телото. Тој сепак не се предаде и дури потоа тргна во напад, но Русинот остана на нозе и продолжи со нападите. Во осмата рунда судијата го прекина мечот, бидејќи на Лемо беше скршен носот, а доби уште еден тежок удар во црниот дроб.
Головкин вечерва изгледаше одлично, а по победата побара да се соочи со победникот од мечот меѓу Кото и Канело.
Пред нив, во подглавната борба, се сретнаа Роман Гонзалес кој во деветата рунда со силен удар го нокаутираше Брајан Виолорија.
https://youtu.be/OoLQUecCuSY