Генади Головкин ќе се сретне со Дени Џејкобс на 18 март во Њујорк, а ГГГ објави дека овој меч е „најголемиот во неговата кариера“.
„Пред сè, тоа е голема вест за мене. Многу е интересно. Возбуден сум бидејќи повторно ми претстои средба. Мислам дека ова е многу добар дуел. И се надевам дека ќе биде таков. Сметам дека во моментов Дени Џејкобс е најдобар предизвикувач. Тој е неверојатен боксер“.
Се гледа дека Головкин и неговиот тим сакаат да го „расчистат“ прашањето со задолжителниот предизвикувач на ВБА.
„Да, се разбира. Прво Дени Џејкобс, а потоа ќе сакам уште поголем меч. Сепак, сега Дени Џејкобс е најголемиот предизвик за мене“.
ГГГ ги продолжува преговорите и за евентуален супер меч со Канело Алварез во септември. А Канело во моментов преговара со сонародникот Хуило Цесар Чавез Јуниор за средба на 6 мај.
Оваа година Головкин два пати се бореше, при што ги победи Доминик Вејд и Кел Брук. До сега има 36 победи, а 33 од нив се со нокаут.