На Ѓуро Илиќ му е доделено највисокото звање црвен појас 9-ти дан во традиционалната вештина џиу џицу од страна на „Ол Јапoнија будо асоцијацијата” (All Japan budo assocation). Ова е единствен 9-ти дан во нашата земја.
Појасот му го додели светски познатиот мајстор -Матсуфуне Азами на семинарот што се одржа во Белград, Србија.
На семинарот учествуваа претставници од Јапонија, САД, Србија, Македонија, Италија, Црна Гора, Холандија и Шпанија.