Пред три недели заврши вторто издание на Големиот балкански карате семинар (ГБКС) во Будва, Црна Гора, заокружувајќи го годинашниов циклус кој почна во Софија, продолжи во Скопје, па во Ниш и финишраше во Будва. Мајсторите Милан Ѓокиќ, Тони Петров, Зоран Пејов и Ранко Вукотиќ го покажаа своите тајни пред многубројните поклоници на карате вештината, како и на џиу џицата, аикидото и другите поклоници наборечките вештини. Скопје, како и минатата година, се претстави во најдобро светло и го надмина ланскиот рекорд со над 140 учесници, но и на орагнизациски план. Завидно ниво покажаа и Софија и Ниш, како и Будва.
Семинарот кој ја пренесува благородната идеја за соработка на балканските народи за мир и соработка, како и подготовка на идните олимписки кандидати зема поголем замав во Македонија, Бугарија, Србија и Црна Гора, а будно се следи од уште неколку земји на Балканот. Затоа од битно значење за развојот на Големиот балкански карате семинар (ГБКС) е оценката за овогодишното издание кое финишраше во Будва.
„ГБКС беше успесен и доста посетен во сите држави со ерупција во Македонија, каде што беше најимпозантен. Имасе присуство од врвни мајстори, како и од ученички појаси. Беа работени микс техники, базични и напредни техники, како и реални техники на самоодбрана за конкретни и реални ситуации. Беа откриени доста тајни техники на изведба, особено во кумите, голем број на ефикасни двизења со трансформација на енергијата“, вели сенсеи Зоран Пејов од Карате центарот Пејов од Скопје.
Додека за шихан Тони Петров од Бугарија втората сезона е значајна и по тоа што семинарот оваа година бил подобро организиран и во Софија и во Ниш за разлика од лани.
„Според мое мислење, оваа втора измината сезона на ГБКС е многу успешна. Проектот продолжува, претендирајќи да стане традиција и бренд на овој простор, бидејќи нешто слично не постои во Европа. Особено, локалната самоуправа направи значаен чекор во Ниш, реализирајќи ја идејата и големината на самиот проект и дружење. Она што досега го правеше политиката, а тоа е да се меша во спортот, сега ние донекаде го презедовме. Преку спорт и покажуваме „политика“ на толеранција, еднаквост, конвергенција и соработка. Бидејќи можеби конечно сфативме дека не постојат подобри амбасадори од спортистите. И тоа е она што сме“, заклучува Милан Ѓокиќ од Србија.
Во споредба со минатата година, Петров го гледа напредокот во поквалитетниот состав на учесниците.
„Во втората година учесниците знаеја каде доаѓаат и каде ќе учествуваат“, констатира Петров, додека Пејов додава оти е можна промена на форматот во иднина за уште поефикасно и помасовно карате движење низ целиот Балкан.
Ѓокиќ смета дека во вкупниот број, бројот на активни учесници на семинарот се зголеми во споредба со претходната година и нагласува дека не ги повторува планот и програмата на семинари во којабило земја, затоа што некои заинтересирани практичари не се присутни само во нивната матична земја на семинарот.
„Тоа е голема промена. Тоа не беше случај минатата година. Она што е важно за мене, бидејќи минатата година, како инструктор, се обидов да го подигнам моето сеопфатно ниво на повисоко ниво. Првенствено вежбав – направив преку 600 тренинзи – не дозволив да паднам во форма и енергија. Се подготвував за секој семинар. А сето тоа ми говори дека ништо не препуштам на случај“, истакнува Милан.
Како и во секоја работа така и во каратето очекувањата растат за наредната година.
Во таа насока Пејов ќе рече: „Има најава за проширување од Турција и Романија. Интересот од година во година е поголем. Сите присутни на овој ГБКС беа воодушевени од мајсторството на водечките инструктори сенсеи Ѓокиќ, шихан Петров, сенсеи Пејов и сенсеи Вукотиќ. Имаа што да чујат и уште повеќе да видат како врвни мајстори демонстрираат врвни техники“.
И Тони Петров е со истите очекувања и посочува дека има лични контакти во тие земји.
Ѓокиќ додава дека каратето не е математика. Не треба да очекувате и да се надевате. Во таков случај човек се разочарува, ако не е сè како што очекува:
„Треба да работиме на самите нас, на контактите и соработката со сите заинтересирани учесници на ГБКС во текот на изминатите две сезони. Ако сме оставиле белег на нив, имајќи го во предив контактот, не само преку пораки и повици, но пред се преку жив контакт, заеднички тренинзи, мини семинари, испити, но пред се да се дружиме во кимоно, со право ќе може да очекуваме продолжување на позитивниот раст на сите заинтересирани за нашиот проект и карате и воопшто за боречките вештини. Едноставно, не се опуштај, работи на себе, како и со сите досегашни учесници на семинарот, е најдобрата инвестиција за иднината на нашиот проект“.
Мајсторот од Бугарија вели дека може да очекуваме подобра селекција на учесници следната година т.е. да очекуваат и порано да го планираат да учеството на семинарот. „Предлагам секоја година да има по еден семинар во различна држава. Во 2020 година да биде во март во Банско. Ако курсот e да има поголем интерес. На пример, во Македонија да е во Охрид“, конкретен е Петров.
Во таа насока Пејов истакнува дека за во иднина има нови идеи и најава за уште поинтересна и позанимлива програма и содржина.
„Целта е сето наше знаење и умеење да го пренесеме на идните генерации и да ги сплотиме балканските каратеки преку призмата на Карате до. Мислам дека тоа успесно го правиме. Со почит и благодарност до Ипон.мк којшто постојани ја следи и презентира нашата идеја на ГБКС“, посочува македонскиот мајстор Зоран Пејов.
Од друга страна, Милан Ѓокиќ не го дели мислењето на Пејов и Петров за промена на форматот за третото издание, затоа што смета ваквата форма е добра, затоа што на организаторот му се дозвлува да одбере термин што му одговара. Така секој би требало да биде среќен и заради тоа проектот може да се нарече голем.
„Четири земји, четири термини. Минатата година сè се заврши за една недела. Оваа година траеше од март до јуни. Можеби следната година, семинарите ќе се „водат“ во пролетната и есенската сезона. Гледајќи во претходната сезона, ГБКС веќе доживеа промена на форматот“, категоричен е Ѓокиќ со забелешка дека имало предлози од тимот од Македонија,но дека се уште не се конкретни, па затоа не може до крај се изјасни.
За Ѓокиќ идејата е покренувач на сè и токму таа најсилното оружје на ГБКС. Потсетува дека учители нè научиле дека не е мудро да го најавувате она што го правите и што планирате да го направите.
„Бидејќи сме свесни дека ги има и оние на кои не и се допаѓа она што го правиме. Не и се допаѓа неговото име, бидејќи тие не се сеќаваат на тоа и не се дел од ово проект. Иако продолжуваме да им даваме на сите заслужни спортисти шанса да бидат наши специјални гости на семинарот. Да, но само како гости. Познато е кој се инструкторите. И преговорите со потенцијалните земји-учеснички се во тек. Да се каже имињата на државите е да му се даде предност на противникот, а познато е дека ситуацијата во каратето е несреќна“, размислува Милан.
За учесниците на ГБКС и на оние што сакаат да се приклучат Петров и порачува да проникнат во искуството кое несомнено ќе им помогне и во спортот и во личниот развој во животот.
„Нашите народи на Балканот го креваат носот, а се далеку од методиката и будото. Спортот и дава, но и ги спротивставува. Луѓето повеќе внимваат на тоа да невидат подобри од нив. Имаат комплекси, а тоа не с’ржта на каратето“, категоричен е Петров кој има богато искуство.
Пораката на Ѓокиќ е кратка и јасна и се однесува на сите: „Не кревајте ги рацете, ако не ние, кој? Ако не сега, кога? И затоа, и ние и сега“.
Ipon.mk/В.Д.