На 7 и 8 октомври во Скопје ќе се одржи 3-от по ред Голем балкански карате до семинар после неколкугодишна пауза поради пандемијата со коронавирусот.
Домаќин на семинарот е Зоран Пејов (5 дан) и Карате центар „Пејов“ во доџото на клубот во Автокоманда (16-та Македонска бригада бр.16, локал 12, спроти Ветеринарната болница) со почеток од 18 часот во сабота и од 14 во недела.
Да потсетиме, годинашниов семинар стартуваше на 2 и 3 јуни во Софија, а заврши во градот Кнежа – Бугарија.
Семинарот го предводи веќе познатиот инструкторски тим – сенсеи Зоран Пејов, сенсеи Милан Ѓокиќ и сенсеи Тони Петров.