УФЦ под својот покрив држи неколку горостасни борци кои со нивниот изглед и големина изгледаат импресивно. Но големината често е само прашање на перспектива, а легендарниот Шекил О’Нил ни дава една навистина интересна.
Јоел Ромеро, Фабрицио Вердум или Алистер Оверем, сите се големите момци со кои повеќето луѓе би избегнале каква било конфронтација. Но и тие може да изгледаат како обични мали луѓе ако покрај нив се најде легендарниот Шек.
Кошаркарска легенда со своите 217 сантиметри и 147 килограми тежина е еден од најголемите играчи во историјата на НБА. О’Нил едено време размислуваше и за ММА кариера, иако за него би требало да се направи посебна категорија, бидејќи дебело ја надминува текшаката граница во повеќето организации.
Со такви пропорции и Брок Леснар делува просечно (освен неговите натпросечно чудни тетоважи на градите).
Шек и кралот на тешкашите Фабрицио Вердум.