Голема чистка во УФЦ, отпушти дури 11 борци

Најголемата светска ММА организација повторно го исчисти својот ростер. Имено, УФЦ отпушти дури 11 борци, а меѓу нив најпознато име е Аскар Аскаров (14-1-1). Раскин на договорот со промоцијата побарал самиот Дагестанец.

„Моето враќање е одложено поради здравствени причини. Побарав од УФЦ да го раскине договорот според кој имав уште една борба. Тие позитивно одговорија на моето барање. Здравјето ми е на прво место, а потоа ќе видиме што ќе следи“, напиша Аскар Аскаров во својата објава на социјалните мрежи.

Организацијата ги раскина и договорите на Миша Циркунов и Кшиштоф Јотко, како и на Дагестанецот Магомед Мустафаев, кој последен пат се бореше во февруари 2020 година.

Еве ги сите борци отпуштени од УФЦ:

Џејсон Вит
Даријан Викс
Камерон ВанКамп
Џеси Ронсон
Чарли Онтиверос
Магомед Мустафаев
Ник Максимов
Луис Косче
Миша Циркунов
Кшиштоф Јотко
Аскар Аскаров

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON