Голем успех на македонските кендоки на „Солун опен“-Јошин ја одбрани титулата во екипна конкуренција

Викендов на 17-тиот Интернациолен турнир „Солун опен“ во Колиндрос, Грција, македонскиот претставник Јошин ја одбрани титулата во екипниот дел, бидејќи и минатата година беше прв

Нашите натпреварувачи освоија уште пет медали .

Учество од Македонија земаа Јошин и Вардар од Скопје и Кендо клубот Охрид со учесници во сите категории.

На турнирот учествуваа 170 натпреварувачи.

Нашите кендоки ги постигнаа следните резултати:

Пионери
Марко Петрески  2-ро место

Кадети
1.Валдман – Хапи Фудо – Унгарија
2.Јована Андоноска – Јошин
3.Матеј Илиоски – Јошин
3.Гордан Чоланчевски – Јошин

Ученички појаси
1.Вукашин Крстиќ Београд-Србија
2.Алекс Пашанков- Аики- Бугарија
3.Никола Кузмановски – Јошин

„За жал, немавме успех во саботата во индивидуалниот дел кај сениорскиот состав, но денес во недела, екипно ја одбранивме ланската титула, Јошин повторно шампион во Солун со 6 победени меча против Хебикан Москва, Нипон Будо Грција, Атина Грција, Мусо Бугарија, ВСД Унгарија и во финалето Катсукан од Турција“, вели тренерот и натпрварувач Андреј Атанасовски.

Македонските кендоки излегоа во проширен состав како подготвителен и селективен турнир за Балканското и Европското првенство.

Состав на Јошин: Андреј Александров, Олег Бичковски, Матеј Ивановски, Александар Кесковски, Владимир Пешков и Андреј Атанасовски.

Вториот тим кој беше мешан состав од Јошин и Охрид во состав  Дубровски, Конески, Велковски Лазаровска и Петрески (Охрид) излезе од групната фаза со две победи, но беа елиминирани од Катсукан Турција.

„Одличен ден за нашите кендоки и мотив за уште повеќе работа и подготовка пред главните турнири“, нагласи Атанасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON