Катерина Ацевска освои бронзен медал на Светскиот куп џиу џицу за кадети во Подгорица-Црна Гора.
Ацевска може да жали што не влезе во финалето бидејќи загуби со минимален резултат во една возбудлива борба со пертставничка на Грција. Претходно таа ги совлада репрезентативките на Полска и Грција.
„Борец од Грција не спречи да одиме понатаму, да одиме во полуфинале. Тесен пораз на Катерина од 9-8 во последните секунди не спречи да одиме на сребро или можеби на злато“, вели тренерот Александар Ацевски од Дан кју, кој истакна дека е задоволен од прикажаните борби.
Покрај Катерина на Светскиот куп настпува и Давид Дамовски.
Утре на програмата е Балканското првенство во џиу џицу.
Ipon.mk/В.Д.