Голем успех на Дејан Георгиевски – златен медал на Г-1 турнирот „Софија опен“ (ФОТО)

Дејан Георгиевски постигна голем успех со освојувањето на златниот медал во сениорска конкуренција на Меѓународниот Г-1 турнир „Софија опен“ на кој учествуваа 1.400 натпреварувачи од над 80 држави.

Дејан Георгиевски до злтаниот медал извојува четири победи над противници од Аргентина,Германија,Србија и Хрватска. Хрватот Ведран Голец, кого го совлада во финалето, е еден од најдобрите таеквондисти во светот.

Филип Додевски во јуниорска конкуренција го освои бронзениот медал.

Храбри борби покажаа и останатите репрезентативци,особено Марко Аврамовски кој помина две кола и забележа пораз во борбата за медал.

Да потсетиме дека на Г-1 турнирите се собираат бодови за Олимпијадата во Токио 2020 година.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON