Голем успех на Бојана Лазаревска од ПБК Безбедност.
Лазаревска го освои златниот медал на 8.Меѓународен турнир во слободно борење и женско борење „Серафим Барзаков” во Петрич, Бугарија, што се одржа вчера.
Таа извојува три победи во категоријата до 65 килограми против Николета Нтамотоидои (Грција), Габриела Маева и Живка Чолева од Бугарија.
„На турнирот настапија и Марко Андонов и Марко Поповиќ(66 кг), Алексеј Карпузовски (47 кг) и Марија Спирковска (42 кг), кои иако не освоија медали но прикажаа квалитетни борби“, вели тренерот Страшо Глигоров.