Бесир Алили (-45 кг) со агресивна и татктички добро водена борба се избори за финале на Европското првенство во борење за кадети во Скопје. Алили со технички туш (11-1) го совлада Белорусинот Станислау Мазок.
Бесир тргна агресивно од првиот момент и поведе со 2-0, потоа направи уште една акција за водство од 4-0. Најубавата акција се случи на минута ипол до крајот на правта рунда, кога нашиот репрезентативец го подигна противникот и го исфрли надвор од борилиштето со што заработи 5 поени и поведе со 9-0, а брзо регаираа судиите и му доделија 1 поен на Мазок за 9-1. Во втората рунда, со голема поддршка од трибините, Алили тргна агресивно и на 1 минута и 2 секунди освои уште два поени и се пласира во големото финале.
Ова е голем успех за македонското борење, бидејќи борач од Македонија освојува медал на Европското првенство.
Алили во финалето ќе се бори со Рафаел Харутјунјан од Ерменија кој во полуфиналето славеше со туш против Канан Хејбатов од Азербејџан . Финалето е утре од 18 часот.
Резултати
-45 кг – 1/8 финале
Бесир Алили – Кенан Чустовиќ (Босна и Херцеговина) 10-0
¼ финале
Бесир Алили – Василе Марку (Молдавија) 9-6
1/2 Финале
Бесир Алили – Станислау Мазок (Белорусија) 11-1
финале
Бесир Алили – Рафаел Харутјунјан (Ерменија)
Утре се борат преостанатите наши репрезентативци.
-48 кг – 1/8 финале
Аид Салихаси – Халил Гокдениз (Турција)
-55 кг квалификации
Исмани Мухамед – Анатоли Храмика (Белорусија)
-65 кг квалификации
Филип Тасев – Патрик Цирузински (Полска)
-80 кг 1/8 финале
Адем Асани – Размик Варданјан (Шпанија)
-110 кг 1/8 финале
Драган Велинов – Соломон Манашвили (Грузија)
Ipon.mk