Каин Веласкез во сабота ќе дебитира како кечер во Мексико Сити.
Поранешниот шампион во тешка категорија на УФЦ настапува на Триплеманија 27.
Тој пристигна во татковината на неговите родители каде што му беше подготвен голем пречек.
Веласкез се појави со лучадор маска, а на Триплеманија во таг-тимот со Коди и Психо Кловнот ќе одмери силите против Тексан Јуниор, Турус и неименуван мистериозен противник.
Ова ќе биде негово прво појавување од поразот со нокаут од Френсис Нгану.