Дана Вајт ја отпушти Крис Киборг од УФЦ

Крис Киборг (20-2-1NC, 5-1 УФЦ) по волја на Дана Вајт ја заврши кариерата во УФЦ.

Претседателот на најголемата светска ММА промоција даде интервју во кое вели дека нема намера да и понуди нов договор на Бразилката и дека е слободна да бара нов работодавец.

На Киборг и истече договорот по победата против Фелисија Спенсер минатиот викенд во Канада. По средбата изјави дека Дана Вајт е лажливец и ја малтретирала, и објави видео од бекстејџот, каде се соочила со него.

„За сите други срања за кои зборува, повторно, само за да ја избегне борбата со Аманда Нунес. Порака е примена, сфаќам. Ќе ја ослободам од нејзиниот договор. Нема да се обидам да ја изеднача понудата со којабило друга страна. Слободна е и може да оди во Белатор или којабило од тие други организации и да се бори во лесни борби, кои толку многу ги сака. Готово Тоа е завршена работа“, рече Вајт.

„Буквално, денес ќе им кажам на моите адвокати да испратат писмо до нејзиниот тим дека е слободна и може да оди каде ќе посака. Завршивме работата со Киборг“.

Кристине Џастино е една од најдобрите жени борци на сите времиња. Во УФЦ направи шест борби и оствари пет со еден пораз и беше шампион во лесна категорија. Претходно беше шампионка и на Штрајкофорс.

https://www.youtube.com/watch?v=zv3qeWXMZa0
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО