Гокан Саки палнира чистка во полутешка на УФЦ: Сите ќе ги нокаутирам, идната година ќе се борам за појасот!

Гокан Саки расчисти со Глори и по двегодишна пауза одлучи своите кик бокс вештини да ги преселио на најголемата ММА сцена, УФЦ. Холандскиот Турчин се надева дека во окатгонот ќе дебитира на 2 септември во Ротердам и самоуверено најави доминација во полутешката категорија на УФЦ.

„Ќе се борам со сите. Со најголемите, најмалите, најтешките, со иста тежина. Воопшто не ми е грижа со кого ќе се борам. Фокусиран сум на себе и не ми е гајле за другите борци. Како и да е, кога-тогаш ќе ги нокаутирам. Не е битно по кој редослед … Знам што сум способен и знам дека ако нешто сакам, со напорна работа ќе го остварам тоа. Мислам дека следната година во ова време ќе се борам за титулата“, рече Саки гостувајќи на „ММА час“.

Саки во ММА направи само една борба во 2004 година, но поранешниот шампион на Глори и К-1 не го крие фактот дека во кафезот претежно ќе се потпира на своите елитни вештини во кик-бокс.

„Јас ќе кикбоксувам во кафезот, брат. Кикбоксот е моја работа, тоа е мојот живот. Не сум се борел две години и едвај чекам тоа повторно да го покажам“.

Што се однесува до борењето и граплингот, 33-годишниот борец верува дека комбинацијата од работа, талент и верба ќе биде подготвен за сите предизвици.

„Јас сум Турчин, борењето ни е во крвта. Талент сум во борење и тренирам џиу-џицу. Ниту еден од тие борци нема боречко искуство како мене… Јас сум заљубен со спортот и многу брзо учам. Луѓето се изненадени од тоа колку брзо учам борење и џиу џицу. Како што реков, ако сте гладни и сакате да учите и ако имате визија и верувате во неа, ќе успеете. Јаа безброј оати си го докажав тоа и пак ќе и го докажам на сите. Ќе и покажам на кикбоксерите дека можам да успеам во ММА“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON