Гокхан Саки (1-1, 1-0 УФЦ) успешно дебитираше за УФЦ во Јапонија.
На настанот во Саитама супер арена 33-годишниот Турчин на крајот од првата рунда со лево кроше одговори на нападите на Хенрик да Силва (12-4, 2-4 УФЦ) и го нокаутира Бразилецот, а му го нанесе четвртиот последователен пораз.
https://youtu.be/4Kd8D7EDNRk
Во главната борба на вечерта Овинс Сент Про (21-10, 9-5 УФЦ) со рамото за нешто помалку од две минути го задуши Јушин Оками (34-11, 13-6 УФЦ) во неговата прва борба за УФЦ во четири години.
https://youtu.be/FVis3w-EdI8
ОСП и Саки беа наградени со награда од 50.000 долари за изведба на вечерта, додека Џесика Андраде ја победи Клаудија Гаделха во борбата на вечерта.
Поранешниот шампион на Прајд, Таканори Гоми (35-14, 4-9 УФЦ) го загуби петиот меч по ред. „Маестро“ Донг Хјун Ким (03.08.15, 2-2 УФЦ) го уриваше Фајербол кид и по само една минута и пол и го заврши со удари во партер.
https://youtu.be/Zb-BOfnh0NQ
УФЦ Фајт најт 117:
Овинс Сент Про – Јушин Оками (сабмишн, давење со рамо, Р1)
Џесика Андраде – Клаудија Гаделха (едногласна одлука, 30-25, 30-26, 30-27)
Донг Хјун Ким – Таканори Гоми (ТКО, Р1)
Гохан Саки – Хенрик да Силва (КО, Р1)
Теруто Ишихара – Роландо Ди (едногласна одлука, 28-27, 28-27, 29-27)
Хусиер Формига – Улка Сасаки (сабмишн, давење од позади, Р1)