Македонецот Горјан Гого Славески стана светски шампион во бокс со голи раце во велтер категорија откако во борбата за појасот го совлада Џејл Лидзи со судиска одлука.
Веднаш по борбата, Гого на социјалните мрежи објави статус. Тој напиша: „За мојот народ никогаш да не зборуваш во деминутив! Светски успех!.
По мечот тој рече: „Радувајте се Македонци, остваривме историја, остваривме историја. Македонија е мала држава, со едвај два милиони жители и навистина е тешко од таму да се стане најдобар во светот. Но, успеав во тоа зашто ние сме земја на шампиони“.
Гого Славески кој има 28 години е дете пораснато во Скопје, во населбата Ѓорче Петров, а последната деценија живее во САД каде среќата ја бараше прво како професионален боксер, а во последно време во борбите со голи раце каде се пронајде и се етаблира во еден од најдобрите.