Гого Славески на 22 септември повторно влегува во профи-рингот во САД во Чикаго на настанот „Розмонт рамбле“ во организација на Хитз боксинг. Противникот се уште не е познат, а ова ќе му биде пета борба нашиот боксер кој досега има скор 4-0, 2 КО.
„Се уште не го знам противникот“, изјави Славески за Ипон.мк.
Горјан – Гого Славески имаше долга пауза од последната борба.
„Долгата пауза беше поради проблеми со претходниот тренер. Сега сум во друг клуб и се чувствувам најсреќно до сега. Како и да е, на 23 септември мојот профи скор ќе биде 5-0“, истакна Салвески.
Ipon.mk